Спомениците во центарот на Скопје добија жива придружба - презентери облечени како припадници на војската на Александар Македонски, во облека од средниот век или облечени како партизани од НОБ ќе бидат на плоштадот Македонија во Скопје секој ден од 18 до 21 часот за да ја дополнат „претставата“.

Тоа е новиот проект „Туристичка стража“кој е наменет за промоција на централното градско подрачје пред туристите што го посетуваат Скопје.

Проектот почна денеска, а ќе трае до ноември.
