Кој ќе ја понесе одговорноста за попуштањето на потпорниот ѕид? Јани Макрадули денеска ги повика Министерот за транспорт и врски Јанакиески и градоначалникот на Општина Центар Тодоровиќ да го посочи виновникот и да кажат што друго е вака несовесно и неодговорно е изградено.

Макрадули повика дека не може нечиј профит да биде поважен од безбедноста и имотот на граѓаните.

-Што треба да се случи за власта по секоја цена да престане да ја задоволува алчноста на својата бизнис олигархија? Зошто во секоја градежна афера во изминативе 6 години се јавуваат истите бизбнис миленичиња на фамилијата, кој градат од Плоштадот до Водно? Праша Јани Макрадули, член на извршен одбор на СДСМ.

Чисти шпекулации и извртување на вистината се зборовите на Макрадули, стои во писмената реакција на Министерството за транспорт и врски.

Од таму велат дека тие не се надлежни за потпорните ѕидови, но ја следат состојбата и откако ќе се произнесат надлежните органи тогаш ќе биде одлучено во која форма да се реагира.

Политиката на работата на министерството се разликува од онаа на опозицијата, пред се по ставањето ред во урбанизмот и градежништвото, велат од трнаспорт и врски.
